• вторник, 11 март 2025

Кривична пријава против велешанец за предизвикување пожар во патничко возило 

Кривична пријава против велешанец за предизвикување пожар во патничко возило 

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност".

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка.

По преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан