• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за поранешната в.д. организациска директорка на Клиниката за токсикологија

Кривична пријава за поранешната в.д. организациска директорка на Клиниката за токсикологија

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази од Тетово заради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ со кое го оштетила буџетот на Клиниката за 659.781 денари.

- Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест на ден 31.05.2025 и 14.06.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659.781 денари со вклучен персонален данок на доход, информираа денеска од МВР. 

Според МВР, наведените исплати се извршени противправно, за период кога со истите лица Клиниката немала склучено договори за дело и за период на избори, односно исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23.334 денари за месец април и 42.647 денари за месец мај 2024 година. Со ова  пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659.781 денари, овозможувајќи им противправна имотна корист на претходно наведените лица во поединечни износи како претходно наведените месечни плаќања.

-Имено пријавената Б.И., иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори, како и дека согласно член чл.34 ст. 1 алинеа 3 од Закон за спречување корупција и судир на интереси, член чл.8а ст.1 алинеа 3 од Изборниот законик, како и член чл.109 ст. 2 од Закон за здравствена заштита таа не смее да склучува договори за вработување на лица, договори за дело на работно ангажирање на лица, како и вонредни исплати за време на избори, и дека истите за да бидат употребени во правен промет задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело, појаснуваат од МВР. 

Исто така, додаваат од Министерството, на Б.И. и било познато дека од страна на в.д. медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија на 28.03.2024 година се известени сите работници на Клиниката чии договори се истечени дека нивните обврски со Клиниката се завршени, се до нивно повторно ангажирање, согласно забраните предвидени во член од Изборниот законик, но и покрај тоа 11 здравствени работници со знаење на пријавената и без склучен договор за вработување или договор на дело, продолжиле да доаѓаат на работа во Универзитетска клиника за токсикологија.

Согласно наведеното, според МВР, пријавената извршила службени дејствија кои што не смеела да ги изврши, односно Б.И. сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв.1 од КЗ, оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659.781 денари. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан