• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за „демнење“ за неготинец кој ја вознемирувал поранешната вереница

Кривична пријава за „демнење“ за неготинец кој ја вознемирувал поранешната вереница

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) - Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.

- Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР. ар/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан