• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за гевгеличанец за извршено разбојништво

Кривична пријава за гевгеличанец за извршено разбојништво
Струмица, 16 ноември 2022 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон. Како што соопштија од СВР Струмица, на 6-ти овој месец во аптека на улица „Слободан Митров Данко“ во Гевгелија осомничениот со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. Два дена подоцна со наредба на Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи пријавениот при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. рт/дма/

Остани поврзан