• недела, 22 декември 2024

Кривична за сопственик на угостителски објект во Дебар, работел после 18:00 часот

Кривична за сопственик на угостителски објект во Дебар, работел после 18:00 часот
Дебар, 21 јануари 2021 (МИА) - Сопственик на угостителски објект во Дебар заработи кривина пријава поради постоење основано сомнение за сторено казниво дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“. Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи-Дебар, поднесло кривична пријава против И.Ц.(52) од Дебар. -При контрола извршена на 24 декември 2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавениот, не ги почитувал одредбите за работно време на угостителските објекти и, во својот објект лоциран во месноста „Пијанец“ примал гости, не водејќи сметка за препораките за заштита на населението од вирусот Ковид, додава Димоски.вт/свс/

Остани поврзан