• недела, 22 декември 2024

Кривичен го одби предлогот за условен отпуст на Зоран Милески - Кичеец

Кривичен го одби предлогот за условен отпуст на Зоран Милески - Кичеец
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Кривичниот суд го одби предлогот за условен отпуст на Зоран Милески - Кичеец, правосилно осуден на три години затвор за случајот „Рекет“. - Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга - Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19, во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива, соопшти денеска Основниот кривичен суд - Скопје. Од Кривичен суд, информираат дека решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката, кои имаат право на жалба во рок од осум дена, преку овој суд до Апелацискиот суд Скопје. аа/лв/

Остани поврзан