• вторник, 05 ноември 2024

Кралот Чарлс во Северна Ирска

Кралот Чарлс во Северна Ирска
Белфаст, 13 септември 2022 (МИА) - Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора. Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио. Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце. Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење. Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. аб/

Остани поврзан