• недела, 22 декември 2024

Кралот на Мароко Мохамед Шести помилува 653 затвореници

Кралот на Мароко Мохамед Шести помилува 653 затвореници

Рабат, 20 август 2023 (МИА) - Кралот на Мароко Мохамед Шести издаде декрет за амнестија на вкупно 653 затвореници и притвореници по повод денот на „Кралот и народната револуција“.

Во соопштението на мароканското Министерство за правда, се наведува дека амнестијата издадена од кралот вклучува и група осуденици за терористички злосторства кои официјално изјавиле дека се каат и дека се лојални на светите вредности на нацијата и националните институции.

Со амнестијата се опфатени вкупно 653 притворени и осудени лица, од кои 16 се осудени за кривични дела тероризам и екстремизам.

Според мароканскиот Устав, кралот може да им даде помилување на затворениците.

Позната како „кралска амнестија“, која во земјата стана традиција во посебни прилики, таа се спроведува во форма на целосно ослободување на некои затвореници и намалување на казните за други.

Секоја година, на 20 август, во Мароко се слави Денот на „Кралот и народната револуција“. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан