• вторник, 24 декември 2024

Коњановски: За вредностите на Битола на празникот на градот 4 Ноември

Коњановски: За вредностите на Битола на празникот на градот 4 Ноември

Битола, 1 ноември 2022 (МИА) - Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември ќе го одбележиме достојно затоа што тогаш се отсликува делувањето на локалната самоуправа во сите области, а празничната програма значи искористување на расположливите простори за нивно збогатување со вредностите кои ги поседува Битола, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Празничната програма е во тек, а во неа учествуваат културни уметници, актери, музичари, режисери, спортисти, историчари, наши сограѓани низ чија активност Битола и Македонија имаат можност да се промовираат во светски рамки, нагласи Коњановски на предпразнична средба со новинарите и потсети на активностите на локалната самоуправа под негово водство.

-Како локална самоуправа која за десттина дена, ќе одбележи една година од раководењето со општина Битола, во изминатиот период, значително се ангажиравме да реализираме колку што е можно повеќе проекти, да ги завршиме започнатите, но и да подготвиме нови, кои ќе се реализираат во периодот пред нас. Во делот на инфраструктурата, нашиот голем проект за реконструкција на 23 улици во оваа календарска година, веќе е во завршна фаза, а доколку временските услови тоа го дозволат, деновиве планираме асфалтирање на уште три улици, 16 улици се комплетно завршени, со што подобрена е патната инфраструктура во должина од околу 10 километриВеќе работиме на новиот генерален урбанистички план, на проектната документација за противпожарната зграда, а во фаза на избор е идејното решение за новиот модерен спортски центар, истакна Коњановски.

Општина Битола наскоро ќе добие велосипедски патеки, а со соработници и донатори уредени се пет детски паркови и игралишта.

-Овозможивме поддршка за Националниот парк Пелистер за дополнителни содржини на проектот кој го реализираат – Авантуристички парк на Пелистер, а во делот на заштитата на животната средина во завршна фаза е изготвувањето на локалниот еколошки акционен план, како и зелениот катастар кој наскоро и јавно ќе биде презентиран. Работиме на проекти за зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти, а паралелно подржуваме и инвестиции во енергетска ефикасност на станбените заедници за колективно домување. За првпат општината овозможи поддршка за талентираните и надарени ученици, како и поддршка за првооделенците, а работиме и на надминување на проблемите кои се појавија за конечно и Битола да добие повеќе објекти, за згрижување на најмладите. Достојното одбележување на празникот на градот, го отсликува токму делувањето на локалната самоуправа во сите области, а празничната програма значи искористување на расположливите простори за нивно збогатување со вредностите кои ги поседува Битола, нагласи Коњановски.

На прес конференцијата во Битола, првиот човек на градот најави дека локалната самоуправа работи на изготвување на стратегија за локален економски развој, а во индустриската зона Жабени веќе се продадени 12 парцели на нови инвеститори од Турција и Германија. мт/хс/

Остани поврзан