Кошта и Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи со поддршката за Украина до постигнувањето праведен, сеопфатен и траен мир
- Европската Унија ќе продолжи со континуирана и стабилна поддршка на Украина се додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир, кој ќе резултира со суверена и просперитетна Украина и ќе ја гарантира нејзината и безбедноста на Европа, порачаа претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на среда со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.
![Кошта и Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи со поддршката за Украина до постигнувањето праведен, сеопфатен и траен мир](https://mia.mk/images/20250214145835_big_730x400_20.webp )
Брисел, 14 февруари 2025 (МИА) - Европската Унија ќе продолжи со континуирана и стабилна поддршка на Украина се додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир, кој ќе резултира со суверена и просперитетна Украина и ќе ја гарантира нејзината и безбедноста на Европа, порачаа претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на среда со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.
Како што соопшти Европскиот совет, Кошта и Фон дер Лајен ја изразиле подготвеност ЕУ за засилување на позицијата на Украина пред какви било идни преговори и за обезбедување силни безбедносни гаранции на земјата.
- Тие ја истакнаа потребата Европејците да ги зголемат трошоците за одбрана, да ги зајакнат своите одбранбени способности и да помогнат во зајакнувањето на украинските вооружени сили.
Конечно, претседателот Кошта и претседателката Фон дер Лајен ја истакнаа нивната подготвеност да ја интензивираат работата за забрзување на процесот на пристапување на Украина во Европската Унија, се додава во соопштението од средбата што се одржа на маргините на Минхенската безбедносна конференција. сп/
Фото: Икс