• петок, 05 декември 2025

Кошаркарите на Пелистер со пораз стартуваа во ФИБА Еврокупот

Кошаркарите на Пелистер со пораз стартуваа во ФИБА Еврокупот

 

Загреб, 15 октомври 2025 (МИА) – Кошаркарите на битолски Пелистер со пораз го почнаа настапот во ФИБА Еврокупот, откако вечерва загубија на гостувањето во Загреб од Цедевита јуниор со 94-76.

Хрватскиот тим од самиот почеток ја имаше контролата врз резултатот и на полувреме Пелистер беше во негатива од девет поени (44-35).

Натпреварот продолжи во ист ритам и по паузата и во завршните десет минути Цедевита јуниор ја зголеми предноста на 67-53.

Пелистер се обиде да се врати резултатски во игра и на средина од четвртата четвртина дојде до минус поени негатива (74-64), но битолскиот состав немаше сили за резултатски пресврт и на крајот претрпе убедлив пораз.

Вилсон заврши со 17. и Митревски со 16. поени беа најефикасни во редовите на Пелистер, која во второто коло од групата „Д“, кое е на програмата на 22. октомври, во Битола ќе го пречека словачкиот противник Превидза. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан