Коцевски апелира до велешани да не фрлаат неизгасната жар во новите подземни контејнери
- Подземниот контејнер лоциран пред рампата на пругата кај мостот „Гемиџии“, еден од новите седум подземни контејнери во Велес кои беа поставени во функција овој месец, во изминативе денови веќ

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција апелираше до граѓаните за совесно користење на новите подземни контејнери и да го читаа упатството за употреба и да не фрлаат неизгасната жар од своите домашни огништа и со тоа да не предизвикуваат штети.
- За жал граѓаните не ги почитуваат и не ги читаат упатствата што се напишани на контејнерите и истураат жар и пепел од нивните печки за греење од нивните домови, со што се запалени две внатрешни вреќи за смет од кои само една чини 400, а штетета е 800 евра, информира Коцевски.
Тој додаде дека Општината веќе им дала задача на инспекторите и комуналните редари посебно внимание да посветат на новите подземни контејнери и да внимават што граѓаните фрлаат во нив.
Тој најави дека Општина Велес и ЈКП„„Дервен“ и годинава ќе продолжат со поставување на нови подземни контејнери и на други локации во градот. ад/ки/