• петок, 05 декември 2025

Костовски: Реконструиравме 102 улици во вредност од 320 милиони денари 

Костовски: Реконструиравме 102 улици во вредност од 320 милиони денари 

2 октомври 2025

Изминаа четири години откако ми ја дадовте довербата да ја раководам општина Бутел. Четири години исполнети со многу работа, труд и посветеност, објави на фејсбук кандидатот за градоначалник на Општина Бутел,  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

Ги менуваме работите од корен, за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани.

Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.

Вложивме во нова патна инфраструктура како никогаш до сега! Асфалтиравме 102 улици во вредност од 320 милиони денари.

Ветив пред граѓаните на Општина Бутел и денес по изминати четири години можам гордо да кажам дека ветувањата се исполнуваат и општина Бутел се менува!

Општина Бутел е наш дом, наша сегашност и наша иднина!

Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење!

Заокружи број 9 за сигурна иднина. 

 


Линк од фб објава: 

https://www.facebook.com/share/16AmPtgMFK/?mibextid=wwXIfr

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан