• петок, 05 декември 2025

Костова: Лоша економска состојба, растечка инфлација, намалена куповна моќ

Костова: Лоша економска состојба, растечка инфлација, намалена куповна моќ

20 јули 2025 

Очајни се резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицоски во изминатата година на секое поле, особено во економија, очајни се нивните резултати дури и на локално ниво, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во интервју за „Трилинг“.

Таа ја посочи лошата економска состојба, предупредувајќи за растечка инфлација, намалената куповна моќ на граѓаните, зголемениот јавен долг и политиките на власта кои ја доведуваат Македонија во ситуација на „должничко ропство“.

-Народот се повеќе и повеќе тоне во немаштија, во сиромаштија, куповната моќ на граѓаните е падната и е најниска во Европа, минималната плата е претпоследна во Европа, трошоците за живот секојдневно растат. Цените на зеленчукот во споредба со минатата година пораснале за 46%, тоа се речиси 50% раст на цените за кои Владата и Мицкоски не сакаат во целиот повој период на кој било начин да интервенираат, да го спречат ова дивеење на цените, ниту пак да го спречат растот на инфлацијата, истакна Костова.

Потпретседателката на СДСМ, Костова, нагласи дека за повеќе од граѓаните одењето во супермаркет стана луксуз, а тука се и покачените сметки за струја од од 20 %, зголемувањето на цената на парното во Скопје, додека во општините предводени од ДПМНЕ има покачување на цените на услугите што ги добиваат граѓаните, за данок на имот, за пренос на имот.

-Истовремено стануваме држава која што е се позадолжена, не зборуваме само за унгарскиот кредит и за кредитот којшто е дел од партнерството со Велика Британија, туку овде зборуваме и за последниот ребаланс на буџетот, за постојаното задолжување на домашен план. Ова е многу сериозен проблем за којшто предупредуваат многу експерти, рече потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во интервју за „Трилинг“.

Скопје, 20 јули 2025

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: СДСМ 

Остани поврзан