• петок, 05 декември 2025

Костадинов потпиша за чешки Сигма Оломуц

Костадинов потпиша за чешки Сигма Оломуц

 

Оломуц, 17 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов е нов фудбалер на чешкиот прволигаш Сигма Оломуц, каде се пресели од редовите на полски Пјаст Гливице.

„Трансферот во Сигма е исчекор во мојата кариера. Чешката лига е меѓу десетте најквалитетни во Европа и сигурен сум дека ќе биде добар предизвик за мене“, изјави 29-годишниот Костадинов за клупскиот сајт на Оломуц.

Костадинов претходно настапуваше и за Дукла, Злате Моравце и Ружомберок, а за националниот тим досега одигра 30 натпревари.

„Тихомир Костадинов е релативно искусен играч од средниот ред, докажан и во меѓународниот фудбал преку настапите во националниот тим и полската лига. Веруваме дека ќе ни биде од корист“, оцени спортскиот директор на Сигма, Ладислав Минар.

Изминатата сезона Сигма го освои шестото место во чешката лига и избори пласман во Лига Европа. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан