• недела, 22 декември 2024

Костадинов во посета на Чешка по искуства за организирање електричен јавен превоз

Костадинов во посета на Чешка по искуства за организирање електричен јавен превоз
Струмица, 16 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов заедно со заменик градоначалникот Елена Паликарова престојува во посета на Чешка во градот Храдце Кралове, каде беа во посета на јавното претпријатие за градски транспорт. Според објавата на струмичкиот градоначалник, таму разговарале за менаџирањето со јавниот превоз и бенефитите од електричниот градски превоз. Костадинов, како и порано, напиша дека како градоначалник силно ќе се залага Струмица да биде прва општина во државата со целосно електричен јавен транспорт. -Мојата визија за Струмица е да биде првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени, движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж, решавање трајно на проблемот со дивите таксисти. За таа цел веќе ги правиме потребните анализи и истражувања кои би помогнале во имплементацијата, изјави минатиот месец струмичкиот градоначалник при промовирањето на овој проект. Инаку, на почетокот на октомври во Струмица беше промовиран електричниот автобус на „Аутомакедонија“, во рамки на промотивната тура низ повеќе градови во државата. рт/дма/

Остани поврзан