• петок, 22 ноември 2024

Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра

Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра

Приштина, 17 септември 2024 (МИА) – Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека актуелната влада во изминатите три години купила вооружување во вредност од 249 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за телевизијата Клан Косова, Маќедонци изјави дека во оваа сума не е вклучен буџетот за косовските вооружени сили за 2024 година.

„Набавките се ориентирани според концептот на купување држава со држава. Значи, инвестициите се вршени во соработка со релевантните министерства на земјите од НАТО со кои договаравме набавка, а се според стандардите на НАТО, бидејќи ние сме јасно ориентирани кон членство во Алијансата и во Европската унија“, рече Маќедонци.

Тој додаде дека набавките се направени врз основа на сеопфатниот транзициски план на Безбедносните сили на Косово. иа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан