• недела, 24 ноември 2024

Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт

Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт

Лос Анџелес, 16 април 2024 (МИА) - Американската рок-пејачка и вдовица на рокерот Курт Кобејн, Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт... Таа проговори за тоа во нејзиното интервју за „Стандард“ (The Standard) каде што нагласи дека Тејлор не ѝ е занимлива како уметница.

- Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојките и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка, изјави Лав и ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт.

„Кортни секогаш ги напаѓа помладите, поубави и поуспешни жени од себеси. Оди најди работа“, гласи коментар од обожавател.

Во истото интервју Лав изјави дека не ги сака посебно ни Лана Дел Реј, ни Бијонсе, ниту Мадона. Од друга страна, пак, луѓето „откопаа“ нејзина Твитер-објава од 2021 година каде таа ѝ посакала среќен роденден на Тејлор Свифт и ѝ порачува дека е „инспирација за младите жени“ денес.

- Одлично е што има толку многу успешни жени во музичката индустрија, но многу од нив стануваат „клише“... Сега, секоја успешна жена добива свој клон, па има премногу музика. Сите се исти. Ако пуштите нешто на „Спотифај“, ќе бидете бомбардирани со многу работи коишто се сосема исти, појасни Кортни.

Инаку, рокерката која е на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот, ќе има серија аудиоразговори за „Би-би-си рејдио 6“ под наслов „Жените на Кортни Лав“ (Courtney Love’s Women), во којашто таа се осврнува на музичарките кои влијаеле врз неа во текот на нејзината кариера.  си/

Фото: Википедија, ЕПА

Остани поврзан