• сабота, 16 ноември 2024

Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле

Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле
Буенос Аирес, 14 јули 2020 (МИА) - Во Аргентина 57 морнари по 35 дена поминати на море се заразени од Ковид-19, иако пред пловидбата биле негативни на тестот. Рибарскиот брод се вратил во пристаништето откако некои морнари развиле симптоми кои одговараат на Ковид-19, соопшти аргентинското Министерство за здравство. Според Министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни на коронавирусот. Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и во карантин во хотел во градот Ушуаја се додека да се качат на бродот. Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултати се очекуваат за уште двајца членови на екипажот. Двајца морнари се хоспитализирани. - Тешко е да се утврди како се заразени бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена, а со храна биле снабдени од пристаништето Ушуаја, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во Тиера дел Фуего. Стручњаци сега се обидуваат да ја утврдат хронологијата на симптомите со цел да дојдат до хронологијата на заразата. Директорот на одделот за заразни болести во болницата во Ушуаја, Леандро Балаторе вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана. Бројот на заразени со Ковид -19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 лица починаа. Повеќето од заразените се во областа на Буенос Аирес. паг/

Остани поврзан