• понеделник, 23 декември 2024

Коронавирусот премина на животни, заразени 40 отсто од дивите елени во северниот дел на САД

Коронавирусот премина на животни, заразени 40 отсто од дивите елени во северниот дел на САД

Детроит, 5 август 2021 (МИА) - Научниците открија дека Ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави. Тие откриле антитела кон САРС-КоВ-2 во 40 проценти од белорогиот елен на североисток од земјата, пишува Сајенс Алерт (Science Alert).
Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирус во крвта. Ова е прв доказ за распространета изложеност на Ковид-19 кај дивечот.
Научниците се загрижени дека групата диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која подоцна може да се врати кај луѓето, но со посериозни последици отколку порано.
Се уште не е познато каде и како елените дошле во контакт со вирусот. Можеле да се заразат директно од луѓе или за време на контакт со добиток или други диви животни. паг/

Остани поврзан