• сабота, 13 јули 2024

Коринтијанс во преговори за трансфер на Балотели

Коринтијанс во преговори за трансфер на Балотели


Рио де Женеиро, 12 јули 2024 (МИА) – Директорот на Коринтијанс, Клаудинеј Алвеш, денеска потврди дека се водат преговори со поранешниот италијански репрезентативец фудбалерот Марио Балотели за негов трансфер во бразилскиот гигант.
„Тој бара шест милиони евра за две години, значи три милиони годишно. Коринтијанс може да му понуди двегодишен договор“, изјави Алвеш.
Првиот човек на Коринтијанс додаде дека 33-годишниот Балотели се надева дека повторно ќе биде повикан во националниот тим.
„Тој сака да се врати во репрезентацијата и со таа надеж би сакал да дојде во Бразил“, рече Алвеш.
Балотели е слободен играч, откако му истече договорот со турскиот тим Адана Демирспор. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан