• недела, 22 декември 2024

Концерт на „Танец“ во Подгорица, вечер во Љубљана

Концерт на „Танец“ во Подгорица, вечер во Љубљана

Скопје, 22 септември 2024

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во петокот, на 20 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место.

Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од  првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ.

Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.

Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Избор на фотографии на КИЦ „Будо Томовиќ“ и Секретаријатот за култура на градот Подгорица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан