Конференција на УГД Штип: Подобрување на локалните радија со вештачка интелигенција и квалитетни медиумски содржини
- Темата на Конференцијата, како што информираат од Универзитетот, е можности за подобрување на состојбите во локалните радија со употреба на вештачка интелигенција и создавање на квалитетни и проверени медиумски содржини.

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, денеска и утре ќе биде домаќин на конференција во рамките на меѓународниот проект NEWAWES, во кој учествуваат претставници на универзитети од Португалија, Словачка, Хрватска, како и УГД како претставник од Северна Македонија.
Темата на Конференцијата, како што информираат од УГД Штип, е можности за подобрување на состојбите во локалните радија со употреба на вештачка интелигенција и создавање на квалитетни и проверени медиумски содржини. дма/мд/
Фото:МИА архива