Конференција за „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“
- Во Скопје денеска ќе се одржи конференција за „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“ со поддршка од Европската Унија, во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект.
Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи конференција за „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“ со поддршка од Европската Унија, во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект.
Во воведниот дел од конференцијата се најавени обраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на генералната секретарка на Агенцијата за заштита на личните податоци Леонора Кадрији, како и на извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис Бардил Јашари и на извршниот директор на Здружение Конект Никица Кусиникова.
Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе околу заштитата на дигиталните права и активностите на различните чинители насочени кон поголема промоција и развивање на капацитетите за заштита на приватноста и на другите човекови права на интернет. Покрај тоа, на конференцијата ќе бидат споделени и искуствата на офицерите за заштита на лични податоци што беа дел од проектните активности. ев/аа/
Фото: МИА архива