• петок, 05 декември 2025

Андоновски: Контролните натпревари во Гевгелија со Швајцарија ќе бидат добредојдени

Андоновски: Контролните натпревари во Гевгелија со Швајцарија ќе бидат добредојдени

Скопје, 16.јули 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Македонија трет ден ги одработува подготовките за претстојните претквалификациски дуели со Романија и со Унгарија. Македонскиот национален тим е во Скопје, а во следниот период ќе продолжи во Гевгелија каде ќе одигра и контролни дуели со Швајцарија.

Во плејадата млади кошаркари кои се на списокот на селекторот Марјан Илиевски, се наоѓа и играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Андоновски.

- Повеќето од нас добро се знаеме, имаме играно заедно, како во младинските репрезентации, така и во сениорската. Оттука сметам дека тие два контролни натпревара ќе ни бидат добредојдени, за да се подготвиме подобро и да влеземе што посилно во важните дуели. Ќе дадеме се од себе. Јас лично како играч, а сигурен сум и дека сите мои соиграчи кои што се тука, исто така. Тоа што репрезентацијата е подмладена, е еден природен чекор кој што доаѓа со времето, изјави Андоновски.   мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Остани поврзан