• недела, 14 декември 2025

Контроли во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници по полноќ, едно лице лишено од слобода

Контроли во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници по полноќ, едно лице лишено од слобода

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска (на 13 и 14 декември) извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

При контролата, како што соопшти МВР, биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два угостителски објекти биле затекнати малолетници по 24:00 часот.

-Во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство, велат од МВР. 

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/сст/

 

Фото: МВР

Остани поврзан