• вторник, 26 ноември 2024

Конституиран хрватскиот Парламент

Конституиран хрватскиот Парламент
Загреб, 22 јули 2020 (МИА) - Новиот состав на хрватскиот Парламент е конституиран денеска, а Гордан Јандроковиќ (ХДЗ) е реизбран за претседател. Јандроковиќ доби голема поддршка од пратениците, од 144, колку што гласаа, само еден воздржан и ниту еден против. Новиот претседател се заблагодари за искажаната доверба. Хрватскиот Парламент има 151 пратеник. Парламентарното мнозинство во новиот, десетти, состав од хрватската независност, го сочинуваат ХДЗ, малцински партии, Реформисти и ХНС. Својата прва конститутивна седница Саборот ја одржа почитувајќи ги епидемиолошките мерки -  заштитни маски и неопходната физичка дистанца. На седницата не присуствуваше шефот на државата Зоран Милановиќ, со образложение дека со донесување на Одлуката за свикување на првата седница на хрватскиот Парламент, ја исполнил својата улога предвидена со Уставот. Се очекува до крајот на неделава, Парламентот да ја потврди и новата влада, која повторно ќе биде предводена од Андреј Пленковиќ. Наместо досегашните 20 ресори, сега ќе има 16 министерства. паг/          

Остани поврзан