Консеисао по пресвртот против Болоња: Не е ова најдобрата игра на Милан
- Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се огласи по победата на неговиот тим од 3-1 против Болоња во натпреварот од 36-тото коло од италијанската Серија „А“.
Милано, 10 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се огласи по победата на неговиот тим од 3-1 против Болоња во натпреварот од 36-тото коло од италијанската Серија „А“.
-Не е ова најдобрата игра на Милан. Победивме тим против кој беше тешко да се игра, рече Консеисао.
Со успехот, „росонерите“ привремено ја намалија разликата од зона „Европа“ на три бода.
Интересно е што двата тима ќе се сретнат повторно за неколку дена во големото финале на турнирот во Купот на Италија.
Куп натпреварот е закажан за 14 мај (среда) во 21:00 часот по наше време. дс
Фото: Архива