• сабота, 27 јули 2024

Конкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на Свети Климент Охридски

Конкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на Свети Климент Охридски
Охрид, 7 ноември 2022 (МИА) - По повод патронот на градот, Свети Климент Охридски, Општина Охрид распиша ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на свети Климент Охридски. Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид. Општината, како што е наведено, ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три категории: за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и за ученици во средно образование (од прва до четврта година). - Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30 ноември годинава треба да се достават до Општина Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака: за конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира, соопшти општинката прес-служба. Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втора категорија 3.000 и за трета категорија 4.000 денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, а наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод празникот Свети Климент Охридски на 8. декември. сс/сст/

Остани поврзан