• сабота, 23 ноември 2024

„Комунална хигиена“ почна со расчистување на обемна дива депонија во Шуто Оризари

„Комунална хигиена“ почна со расчистување на обемна дива депонија во Шуто Оризари
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Зухди Енуз денеска во пишана изјава информира дека станува збор за дива депонија составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад што досега во повеќе наврати била расчистувана и посојано повторно се создава. - Во координација со Град Скопје и општина Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во оваа скопска општина. Активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжат и во текот на оваа недела, а очекуваме до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад. Апелирамe до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин заедно да ја заштитиме животната средина и јавното здравје, рече Енуз.фф/лв/

Остани поврзан