„Компромитирачки“ пораки и обвинувања за српскиот претставник на „Евросонг“
- Следеа и обвинувањата за педофилија, а пејачот одговори дека се работи за местенка.

Белград, 5 март 2025 (МИА) - Победата на неодамна одржаниот српски музички натпревар „Песни за Евровизија“ ја освои пејачот Стефан Здравковиќ - Принц. Тој со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија на претстојниот „Евросонг 2025“.
Но, по победата, за Принц почнаа да кружат разни озборувања. Меѓу другото, на „Икс“ се појавија и „компромитирачки“ дигитални пораки за коишто се тврди дека Принц наводно ги разменувал со помлади момчиња. Следеа и обвинувањата за педофилија, а пејачот за српски „Телеграф“ одговори дека се работи за местенка.
- Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа тоа што ќе ја претставувам Србија на „Евровизија“, но не прифаќам ваков киберкриминал. Случајот е пријавен во Единицата за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето вакви работи, изјави Принц. си/
Фото: Јутјуб, фотоисечок