• понеделник, 25 ноември 2024

Компромисното решение за државната матура прифатливо и за МОН

Компромисното решение за државната матура прифатливо и за МОН
Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Компромисното решение за начинот на полагање на државната матура што го прифати Сојузот на средношколци е прифатливо и за Министерството за образование и наука. Од МОН соопштија дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Република Северна Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен. Најавуваат дека уште утре Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови, по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура.  МОН во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени со цел успешно да се подготват за престојното полагање на испитите. - Напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме. Министерството за образование и наука продолжува посветено да работи на создавање на квалитетно образование коешто е во интерес на учениците, се наведува во соопштението од МОН. Претходно, Сојузот на средношколци соопшти дека го прифаќа решението за државната матура за кое било разговарано на средбата со премиерот Зоран Заев, пратеничката Моника Зајкова и советникот на премиерот Ѓорѓи Тасев. Овој компромис, како што наведуваат, предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно.са/

Остани поврзан