• вторник, 11 март 2025

Компани за реваншот со Баер: Сакаме да постигнеме резултат што ќе ни овозможи да напредуваме

Компани за реваншот со Баер: Сакаме да постигнеме резултат што ќе ни овозможи да напредуваме

Леверкузен, 11 март 2025 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер леверкузен.

- Сакаме да постигнеме резултат што ќе ни овозможи да одиме понатаму. Кога играме, на теренот излегуваме со главен приоритет желбата за победа. Треба да се подготвиме за она што можеме. Се работи за дуелите кои сакаме да ги добиеме, головите што сакаме да ги постигнеме. На крајот ќе одлучи квалитетот на играчите, изјави Компани за клупскиот сајт на баварскиот клуб.

Натпреварот меѓу Баер и Баерн ќе се одигра во Леверкузен вечер со почеток во 21 часот.

Првата средба заврши со победа на минхенскиот тим со резултат 3:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан