• четврток, 21 ноември 2024

Компаниите Дасо и Ербас постигнаа договор за идниот европски борбен авион

Компаниите Дасо и Ербас постигнаа договор за идниот европски борбен авион
Париз, 19 ноември 2022 (МИА) - Повеќе од една година им беше потребна на компаниите Дасо и Ербас за да постигнат договор. Европските аеронаутички гиганти Дасо и Ербас постигнаа договор за скапиот и сложен проект за европски борбени авиони, Иден воздушен борбен систем (Скаф), објави германското Министерство за одбрана во соопштение за печатот“. Информациите ги потврди европскиот производител на авиони Ербас, кој го поздравува „големиот чекор напред за оваа водечка европска одбранбена програма“, јави дописникот на МИА. „Политичкиот договор за Скаф е голем чекор напред и – особено во сегашниот меѓународен контекст – важен сигнал за одличната соработка меѓу Франција, Германија и Шпанија“, реагира француското претседателство во соопштението. Елисејската палата, исто така, подвлече дека „Франција ја презема улогата на лидер на проектот“. Важен чекор напред, во тензичен дипломатски контекст меѓу Франција и Германија во последните недели. Овој прв чекор е многу важен. Сепак, има уште „голем број формални чекори во соодветните земји“ кои треба да се завршат „за да се овозможи брзо потпишување на договорот со кој ќе треба да се усогласиме“, додаде Ербас во своето соопштение за печатот. Лансиран во 2017 година, Скаф, кој вклучува и беспилотни летала, треба да стапи во употреба до 2040 година. На крајот на август 2021 година, трите засегнати земји потпишаа договор со кој се предвидуваа детални студии од 3,6 милијарди евра за да започне во 2025 година изградбата на демонстратор во лет. Но, договорите не беа потпишани, поради недостиг на договор за споделување на задачите меѓу францускиот производител Дасо Авиасион и Ербас.тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан