• петок, 05 декември 2025

Комо преговара со Мората

Комо преговара со Мората

Милано, 25 јуни 2025 (МИА) - Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е во преговори со италијански Комо, објави Фабрицио Романо. 

Според изворот, Италијанците испратиле официјална понуда до играчот и страните во моментов ги продолжуваат преговорите. 

Мората нема да остане во Милан и ќе го напушти Галатасарај, каде што помина неколку месеци на позајмица.

Шпанецот беше испратен во тимот на Истанбул од Милан во јануари 2025 година. Во турското првенство 2024/25, тој одигра 12 натпревари, во кои постигна 6 гола и направи 1 асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан