• недела, 17 ноември 2024

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Комисијата за здравство, денеска во Собранието ќе се реализира активност за одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка.

Предвидени се обраќања на собранискиот претседател Африм Гаши, претседателката на Комисијата за здравство, Рашела Мизрахи, советникот за здравство на премиерот, Игор Николов, како и на министерот за здравство Арбен Таравари.

На темата ќе зборуваат и претставничката на СЗО, Маргарита Спасеновска, претставничката на УНФПА, Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата и Јованка Брајовиќ-Григоријевиќ, Мирјана Бабамова од здружението „Фемина М“, како и Лиридона Лимани од здружението „Езра“.

Исто така, предвидено е учество и на лица од Универзитетскиот институт за радиологија, Светлана Темелковска, претседателка на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, од Институтот за патологија - Медицински факултет - Скопје, Магдалена Богдановска - Тодоровска, патолог, од Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, Медицински факултет, УКИМ - Скопје, Весна В. Стефановска и од Градската општа болница „8 Септември“ - Маја Јакимовска. бд/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан