• понеделник, 23 декември 2024

Комерцијална банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Комерцијална банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека вчера успешно е извршена миграцијата на имотот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Шпаркасе банка АД Скопје во новата банка чувар на имот - Комерцијална банка АД Скопје.

- Почнувајќи од денеска Комерцијална банка АД Скопје ја презема улогата на банка чувар на имот на ВФП Отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, се вели во соопштението.

Банка чувар на имот е институција на која и е доверена одговорноста за чување на средствата на пензиски фонд, а нејзините функции во врска со чувањето на средствата се утврдени согласно законите за капитално финансирано пензиско осигурување.

Повеќе информации за капитално финансирано пензиско осигурување може да се прочита на веб-страницата www.mapas.mk мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан