• петок, 22 ноември 2024

Комедијата „Обвинителка" вечер во Националната опера и балет

Комедијата „Обвинителка

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Комедијата „Обвинителка“ во изведба на Театар „Хит“ вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.

Како што соопшти Театар „Хит“, се работи за комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актуелна тематика.

Автор на текстот е Огнен Неделковски, режисер - Сашо Ристовски, сценограф е Крсто Богојевски, костимографија - Елена Лука и музиката е на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

По барање на публиката, комедијата „Обвинителка“ ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.

Претставата „Обвинителка“ е подржана од Министерство за култура, почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Центар за култура - Штип, НУ Музеј на македонската борба, компанијата „Елена Лука“, Тикен Холдинг и Националната опера и балет. мд/аа/

Остани поврзан