• петок, 22 ноември 2024

Ковид-19: Полска планира да вакцинира околу 3,4 милиони луѓе месечно

Ковид-19: Полска планира да вакцинира околу 3,4 милиони луѓе месечно
Варшава, 12 декември 2020 (МИА) - Полска би требало да може да вакцинира 3,4 милиони дози вакцина пратив Ковид-19 месечно, изјави денеска главниот помошник премиер, додека здравствената служба на земјата се подготвува за, веројатно, најголемиот логистички предизвик досега. - 3,4 милиони вакцинации месечно, 3,4 милиони дози на вакцини може да се администрираат во согласност со пријавите што ги добивме, рече на прес-конференција Михал Дворчик, додавајќи дека 8.319 тимови за вакцинација се пријавиле за да учествуваат во програмата. Дворчик претходно изјави дека во Полска може да има околу 8.000 места за вакцинација. Досега, Полска, земја со околу 38 милиони луѓе, евидентираше близу 1,13 милиони случаи на коронавирус и 22.676 смртни случаи од Ковид-19. ссм/

Остани поврзан