• недела, 22 декември 2024

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Скопје, 30 октомври 2024 

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети, и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше  актуелната политичка динамика, и покажа дека ВМРО-ДПМНЕ  се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија.

„Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на албанците. Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачки.

Според Ковачки, актуелната структура на власта ги репрезентира Албанците.

 „Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во парламентот. А Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа“, кажа Ковачки.

Ковачки нагласи дека Ахмети не може да се претставува како единствена сила која ги обединува Албанците.

 „Меѓутоа Али Ахмети не е репрезент на сите албанци. Тој се претставува дека ги обединува сите албанци и зборува во нивно име. Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт“, изјави Ковачки.

Тој се осврна и на однесувањето ДУИ, и нивниот повторен обид за манипулации и закани.

„Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта“, истакна Ковачки.

Ковачки потенцираше став на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја исклучува дискусијата за етничките прашања

„Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека етничките прашања нема да бидат дискутирани. Македонија треба да се развива, а ние веќе тргнавме напред, Ахмети повторно сака да не навраќа на некои работи кои се затворени“, рече Ковачки.

Кoвачки дополнително укажа на недоследностите во комуникацијата на Ахмети.

„На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани некаде нема. Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со пред воена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа. Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија. Јас мислам дека е надвор од разумот, и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет“, дециден е Ковачки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

Остани поврзан