• вторник, 19 ноември 2024

Ковачевски за Рамазан Бајрам: Преку меѓусебна почит и разбирање градиме еднакво општество

Ковачевски за Рамазан Бајрам: Преку меѓусебна почит и разбирање градиме еднакво општество
Скопје, 21 април 2023 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и на Муфтиствата, како и до сите верници од исламска вероисповед, кои празнуваат.-Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом. Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави, напиша премиерот во честитката.  Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, како што посочува Ковачевски, Република Северна Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници. 
 
-Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи. Честит Рамазан Бајрам!“, порача во телеграмата за празникот, до поглаварот хаџи Шаќир ефенди Фетаи, премиерот Ковачевски. дма/
 
Фото: МИА архива
 

Остани поврзан