Ковачевски го осуди вандализмот врз Македонскиот клуб во Благоевград
- Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапре

Скопје, 5 февруари 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски „најостро го осуди вандалскиот чин“ на каменување на Македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
- Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави, наведе Ковачевски во објава на својот Фејсбук профил.
Тој порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
- Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија, додава во објавата премиерот Ковачевски. сп/