• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева

Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева
Минхен, 18 февруари 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.
Премиерот Ковачевски се заблагодарил што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски политики.
Директорката на ММФ, Георгиева искажа задоволство од спроведувањето на економските политики на Владата, како и од користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL) која е наменета исклучиво за земји што имаат здрава економија и здрави економски политики, соопшти Владата. Поточно, се вели во соопштението, само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент.
На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека фокусот на фискалната политика е во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметна ценовната и енергетската криза.
На среден рок, се додава во соопштението, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан