• понеделник, 25 ноември 2024

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“
Гармиш-Партенкирхен, 1 јануари 2022 (МИА) – Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата. До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода. Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер со 141 и 143,5 метри или 291 бод. Трет беше Ловро Кос од Словенија со прескокнати 135,5 метри и 138 метри, 286 бодови. Следен натпревар за најдобрите ски-скокачи во светот е на 4 јануари во австриски Инсбрук. зс/

Остани поврзан