• петок, 05 декември 2025

Коалиција „Вреди“ : Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

Коалиција „Вреди“ : Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

 Скопје, 9 јуни 2025

Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, ВЛЕН го презема следниот храбар и визионерски чекор: назначување на двајца од најподготвените и најпочитуваните кадри на нашето општество на клучни позиции, проф. д-р Азир Алиу, министер за здравство, и Албрим Хоџа, заменик-министер за земјоделство.

Професорот Азир Алиу, неоспорна личност во областа на технологијата, иновациите и високото образование, ќе го води Министерството за здравство со јасен приоритет: дигитализација на здравствениот систем за модерна и ефикасна услуга за граѓаните.

Во исто време, Албрим Хоџа, моќен глас на терен, со длабоко искуство во новинарството, руралната политика и проектите за развој на земјоделството, ја презема улогата на заменик-министер за земјоделство со непоколеблива мисија: безрезервна поддршка на земјоделците и селото.

Назначувањето на овие двајца кадри јасно покажува дека ВЛЕН не прави компромис кога станува збор за квалитет и претставување. Знаеме дека граѓаните заслужуваат повеќе, а со овие луѓе во институциите, ќе имаат повеќе!

ВЛЕН гради држава со знаење, храброст и правда, за народот, со народот!

 

Коалиција „Вреди“

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан