• вторник, 01 октомври 2024

Коалиција „Вреди“: Наскоро нова одлука со која ќе се отвори процес на кадровско екипирање на јавното здравство

Коалиција „Вреди“: Наскоро нова одлука со која ќе се отвори процес на кадровско екипирање на јавното здравство

Скопје, 10 септември 2024 

За да критикуваш за вработување на Албанците во државни институции треба да имаш образ. Кога некој имал 22 години мегдан да вработи Албанци во јавното здравство, и кога тоа свесно и со умисла не го сторил за предизборно да манипулира со нивните и гласовите на нивните блиски, е тоа е тешка злоупотреба на човечки судбини за партиски цели.  Како што претходно објавивме Министерот за здравство ја утврдува фактичката состојба на сите клиники во врска со бројот на лица без решен работен статус, оставени во наследство од претходната Влада. Врз основа на анализите за типот на кадар кој бил ангажиран со години со договор на дело, ќе има трајно решение. Денешните обвинувања се уште еден обид кукавичките јајца оставени од Европскиот фронт да се искористат за креирање меѓуетнички тензии за остварување на целта Албанците да се направат штит за криминалиите на поранешните финкционери на Села и Ахмети.

Владата на седница донесе одлука за преиспитување на сите предизборни огласи за вработување, како што многу брзо ќе донесе нова
одлука со која ќе се отвори процес на кадровско екипирање на јавното здравство. Ние сме гаранција дека ниту еден Албанец што ги исполнува
условите за решение на неопределено време нема да биде дискриминиран заради идеолошки и политички причини.

Коалиција „Вреди“

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан