• понеделник, 23 декември 2024

Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа

Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа
Женева, 15 февруари 2022 (МИА) - Новиот бран на сојот омикрон на коронавирусот, се шири кон источниот дел од Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки. Изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор Ханс Клуге. Тој ја коментираше ситуацијата во период кога неколку европски држави, вклучувајќи ги Чешка и Полска, најавија укинување на ковид мерките, доколку и понатаму има пад на бројот на заразени. Меѓутоа, СЗО тврди дека мерките, како на пример, брзото тестирање и носење маски континуирано, се потребни, но и дека досега на европскиот простор се регистрирани над 165 милиони заразени со Ковид-19, со 25.000 смртни случаи изминатата недела. - Соочени со бранот од омикрон, а делта сојот и натаму се шири на Истокот, оваа загрижувачка ситуација не е време за укинување на мерки, знаеме дека тие делуваат во намалување на ширењето на Ковид-19, предупреди Клуге. Тој ги повика Владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација. Против Ковид-19, потполно е вакцинирано помалку од 40 отсто од лицата постари од 60 години во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина, Узбекистан. бд/сд/  
 

Остани поврзан