• понеделник, 23 декември 2024

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија
Копенхаген, 7 јануари 2021 (МИА) - Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди. Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф - кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини како Србија“. „Политиката на СЗО е таква што гледаме вакцините да се дистрибуираат рамномерно и праведно насекаде, така што сите земји од Западен Балкан ќе ја добијат вакцината, како и Србија“, рече Клуге. Во Србија вакцинацијата почна на 24 декември, а први се вакцинираа премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, кои ја примија вакцината на „Фајзер“. Вчера, пак, претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V. паг/  

Остани поврзан