Клуб од Шпанија: Фановите да дојдат на стадионот на 13 јуни
- Лас Палмас е домаќин на Жирона дома на 13 јуни (сабота) со почеток во 21:30 часот по македонско време.
Лас Палмас, 2 јуни 2020 (МИА) - Фудбалски клуб од Шпанија ги покани своите фанови на трибините на 13 јуни. Станува збор за тим од второто ниво на шпанскиот фудбал (Сегунда дивизија) Лас Палмас. Ве потсетуваме дека фудбалот во земјава ќе биде продолжен за десетина дена, но се очекува навивачите да немаат право да присуствуваат на натпреварите.
- Навивачите можат да дојдат на стадионот да го поддржат тимот, од 13 јуни, кога играме против Жирона. Гран Канарија е безбедно место. Можеме да станеме единствениот стадион во големите лиги со навивачи на трибините, призна Мигел Анхел Рамирез, кој е претседател на клубот.
Лас Палмас е домаќин на Жирона дома на 13 јуни (сабота) со почеток во 21:30 часот по македонско време.
Домаќините се на 16-то место со 38 бода, додека гостите се 5-ти со 47.