Клиника за ТОАРИЛУЦ: Доволен број дежурни екипи во пресрет на новогодишната ноќ
- Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните.
Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните.
- Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алхохолни пијалаци, информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
Оттаму апелираат до граѓаните да не користат пиротехнички средства заради можност од сериозни телесни повреди кои може да предизвикаат инвалидитет. бд/бак/
Фото: МИА архива